Проблеми со косата
Предвремено белеење на косата
- Детали
-
Објавено на Понеделник, 13 Февруари 2012 11:26
Предвременото обелување на косата не е добредојдено, но не е ниту причина за грижа. Одговорот е во генот.

Наследноста игра голема улога при одредувањето на возраста на која ќе обелите. Некои луѓе обелуваат брзо, а некои влакно по влакно. Понекогаш тоа му се припишува на стресот, но најчесто стресот не е причина.
Што предизвикува белеење на косата?
Косата побелува кога создавањето на меланин забавува. Покрај тоа што дава боја на косата, меланинот е, исто така, одговорен и за јачината на косата. Така, побелената коса е истовремено и сува и слаба. Со оглед на тоа што производството на меланин забавува во различни фази и секој прамен на коса е различен, може да се белее многу бавно или многу брзо, на помали или на поголемиповршини. Исто така, бидејќи пушењето го забавува производството на меланин, пушачите почесто побелуваат порано.
За повеќето луѓе предвременото белеење не е ништо повеќе од непријатност. Сивата коса е знак за стареење, но не рефлектира нити предвидува побрзо темпо на стареење. Само затоа што вашата глава обелува порано, не значи дека и вие стареете предвреме или дека сте осудени на прерана смрт.
Во одредени случаи, прерано побелена коса може да претставува знак на медицинска состојба. Ако сте загрижени за сивите влакна, разговарјте со доктор за ризиците и причините.
Тие можат да бидат:
- Пореметувања на тироидната жлезда
- Витилиго - автоимуна состојба при која одредени области од кожата стануваат бели
- Недостаток на витамин Б12
- Анемија
Побелување преку ноќ, всушност, не се случува, иако состојба наречена алопеција ареата може да предизвика ваква појава. При ова ретко пореметување, влакната престануваат да растат пред да почне побелувањето, па како што опаѓаат прамените, побелените влакна рапидно и нашироко се покажуваат.
Има ли избор при обелена коса?
Кога ќе почнат предвремено да ви раснат бели влакна, можете да ги сечете или скубете. Нема да израснат повеќе такви од ист фоликул, како што се мисли. Овој метод ќе функционира додека побелените влакна не станат многубројни. Тогаш, може да почнете косата да ја фарбате.
Ако ги фарбате само побелените влакна, ставајте само една до две нијанси посветли од вашата природна коса. Така промената нема да биде забележлива.
Сепак, ако се одлучите гордо да си ги носите белите влакна, косата редовно потстрижувајте ја за да може побрзо да се обновува.
Било да ја фарбате или да се прилагодите на сивата коса, најдете си сопствен стил и одржувајте го најдобро шо можете. Трудете се секогаш да бидете единствени, но и едноставни.